Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

3 мин на читање

9 начини да ја направите рерната енергетски поефикасна 

9 начини да ја направите рерната енергетски поефикасна
9 начини да ја направите рерната енергетски поефикасна

 

 

Без разлика дали сакате да печете со задоволство и често, да сте лубител на едноставни оброци или ако барем еднаш неделно спремате печење, вашата рерна навистина може да го ослободи вашиот кулинарски потенцијал. Но, секој од нас треба да мисли на животната средина, затоа е важно да се обрне внимание на начинот на кој се користи рерната. Следете ги овие совети и ќе направите добро дело за животната средина, но и за вашиот паричник.

 

 

 

01.

Подготвувајте повеќе оброци одеднаш

 

Иако бара дополнително планирање, складирањето на повеќе јадења одеднаш е одличен начин за поефикасна употреба на рерната. Ова особено има смисла ако често подготвувате храна или ако подготвувате поголеми количини одеднаш. Само внимавајте да не ја преполнувате рерната и да го блокирате вентилаторот бидејќи тоа ја намалува ефикасноста.

 

 

 

02.

Не чекајте рерната да се "загрее"

 

На многу рецепти пишува да ја загревате рерната на таа и таа температура пред да ја ставите тавата / садот. Иако точноста на температурата е важна за некои видови рецепти, повеќето јадења можете да ги ставите во рерна веднаш штом ќе ја вклучите. На овој начин, ја користите топлината што ја создава рерната од самиот почеток.

 

 

 

03.

Исклучете ја рерната порано 

 

Ако ја исклучите рерната, да речеме, пет минути пред јадење да биде подготвено, преостанатата топлина во рерната ќе продолжи да го пече вашето кулинарско ремек-дело без да потрошите електрична енергија. Тоа се вика енергетска ефикасност!

 

 

 

 

04.

Не ја отворајте вратата на рерната за време на печењето

 

 

Вистина, понекогаш треба да ја отворите вратата на рерната за да поместите нешто или ако треба да го извадите јадењето  за да го дополните, но обидете се  тоа да го сведете на минимум. Секогаш кога  ја отварате вратата на рерната, ја пуштите топлината да излезе од рерната. Рерната мора да вложи дополнителни напори повторно да ја подигне температурата на поставеното ниво. Значи, ако треба само да ѕирнете за да проверите како напредува подготовката, погледнете низ стаклената врата! 

 

 

 

 

05.

Добро одмрзнете ја храната пред печење

 

 

 

Ако рерната треба прво да одмрзне, а дури потоа да пече храната, очигледно е дека треба повеќе енергија. Обидете се добро да ја одмрзнете целата замрзната храна пред подготовката, за да ја намалите потрошувачката на енергија.

 

 

06.

Користете керамички и стаклени садови 

 

Стаклените и керамичките садови ја задржуваат топлината многу подобро од металните, што значи дека можете да печете на малку пониска температура. Пониска температура значи помала потрошувачка на енергија. 

 

 

 

07.

Мудро темпирајте го програмот за самочистење 

 

 

If you’ve decided it’s time to clean your oven and want to use a pyrolytic self-cleaning feature, run this just after you’ve used the oven to cook. That way, the oven will already be hot and it’ll require less energy to the super-high temperature needed for pyrolytic cleaning.

 

 

 

08.

Чувајте ја рерната чиста

 

Чистата рерна се загрева побрзо и ја дистрибуира топлината поефикасно, што значи дека енергетски е поефикасна.

 

 

 

09.

Не ставајте алуминиумска фолија во рерната

 

 

Некои се колнат во ставање  алуминиумска фолија на дното од рерната за да ги собере маснотиите или сосот што капе додека се излева од садот.

 

Иако ова може да изгледа како добра идеја, рефлектирачката површина на фолијата всушност смета на  дистрибуцијата на топлина во рерната. И не само тоа - таа исто така може да му смета со вентилаторот на рерната и да ја намали неговата ефикасност.

 

Тоа е тоа. Следете ги овие совети и ќе ја користите рерната на најефикасен енергетски начин. 

 

 

Rather talk to someone?

Beko