Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

7 мин на читање

На што треба да обрните внимание пред да купите машина за перење алишта?

На што треба да обрните внимание пред да купите машина за перење алишта?
На што треба да обрните внимание пред да купите машина за перење алишта?

 

 

 

Еве што ќе научите од ова упатство: 

 

  • Складност: Одлучете дали сакате да купите самостојна или вградна (покриена со врата соодветна на кујната) машина за перење алишта.
  • Стил: Исто така,одлучете,дали повеќе ви одговара машина за перење алишта со полнење од врата на предната страна или преку отвор со капак на горната страна.
  • Димензии: Измерете го просторот кој го имате на располагање,за да бидете сигурни дека имате доволно слободен простор во вашата кујна или просторија за перење за одредена големина на апаратот.
  • Капацитет: Барајте машина за перење што одговара на големината на вашето домаќинство и навиките за перење. 
  • Брзина на центрифугирање: Размислете за видовите ткаенини што ќе ги перете и начинот на сушење за да ја одредите брзината на центрифугата што ви треба. 
  • Енергетска ефикасност и нивоа на бучава: Проверете ги ознаките за енергетска ефикасност на апаратот што го разгледувате и измерете ги годишните трошоци за работа. Нивото на бучава е исто така важно, особено ако вашата машина за перење се слуша во просторот за живеење. 
  • Програми и карактеристики: Модерните машини за перење нудат голем број дополнителни карактеристики и модерна технологија - погледнете кои од нив ќе бидат од корист за вашето домаќинство! 
  • Дизајн: Изберете ја бојата, контролнот панел и дисплејот што најдобро ќе го надополнат вашиот простор. 

 

За среќа, деновите на перење над штица со парче сапун во раката одамна се минато. Машината за перење алишта ефикасно ја отстранува нечистотијата од вашите алишта и со децении е главен домашен апарат. Вашата машина за перење со сигурност ви заштедува повеќе време од кој било друг апарат во вашиот дом, и колку е поголемо вашето домаќинство, толку таа е поважна! 

 

Ако купувате нова машина за перење, тогаш, јазикот на кој се опишани правилата за навигација, големината на барабанот, циклусите за перење и дозирање детергент може понекогаш да ве збунат! Ова упатство ќе ве води низ најчестите стилови и големини, ќе ви помогне да размислите кои дополнителни карактеристики можеби ви се потребни и да ја пронајдете машината што е соодветна за вас. 

 

 

Складност

Купување на најсоодветен апарат за вашето домаќинство 

 

Првото нешто за што треба да размислите во потрагата по совршена машина за перење е нејзиниот тип. Вистинскиот избор овде навистина зависи од изгледот на вашата соба за перење и просторот со кој треба машината да работи. 

Самостојни машини за перење 

 

Самостојните машини за перење обично се произведени во стандардни големини, и тоа од 60 см (Ш) до 85 см (В). Тие, исто така, обично имаат ногари за прилагодување на висината, така што ќе имате простор за маневрирање.  Димензијата што варира е длабочината. Машините со поголем капацитет на барабанот може да бидат подлабоки од оние со помали барабани. Ако вашата машина е малку оддалечена од другите елементи, проверете дали вратата може слободно да се отвори и запомнете дека инсталациите за приклучок може да се променети со текот на времето. Во секој случај, кујните се изградени со посебни места места за поставување апарати, затоа точното мерење на расположливиот простор и проверката на димензиите на машината ќе ви помогнат да избегнете несакани проблеми. 

 

Погледнете ги нашите самостојни машини за перење 

Desktop Image Container
Mobile Image Container
Desktop Image Container
Mobile Image Container

Вградни машини за перење 

 

Ако вашите кујни (или бања/соба за перење) имаат наменети простори за интегрирани апарати, тогаш интегрираната машина за перење ќе го задржи елегантниот изглед на просторијата, бидејќи апаратот ќе биде скриен со врата која е иста со другите елементи. Ако ја редизајнирате просторија, тогаш вградниот модел може да биде вистинското решение за вас. Само запомнете дека инсталирањето на вградните модели може да биде многу посложено отколку на самостојните. Би било добро да се посоветувате со производителот на апартаи за домаќинство пред да се одлучите за вградна машина за перење. Осигурете се  дека добро сте го измериле просторот и проверете ги димензиите на апаратот,коишто обично се наведени под делот за технички спецификации на страните на производите. Тие точно ќе ве насочат колку треба да биде голем отворот на вашите ормари за да се вклопи тој апарат. Ако размислувате да купите на интегрирана машина за перење, размислете дали и другите апарати во таа просторија исто така ќе бидат вградни. 

 

Погледнете ги нашите вградни машини за перење

Самостојни машини за перење 
 
 
Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

Самостојните машини за перење обично ги имаат стандардните мерки на ширина и висина, од 60 см (Ш) до 85 см (В). Тие, исто така, имаат ногари со прилагодлива висина, така што ќе имате простор за  маневрирање . Димензијата што варира е длабочината. Машините со поголем капацитет на барабанот може да бидат подлабоки од оние со помали барабани. Ако вашата машина завршува малку подалеку од ормарот, проверете дали вратата може слободно да се отвори и запомнете дека инсталациите за приклучок може да се изменети ако се од постаро време, во однос на сегашните. Во секој случај, кујните се направени со соодветни места за поставување апарати, затоа внимателно измерете го расположливиот простор и проверете ги димензиите на машината за да ги избегнете непредвидените непријатности.  

 

Погледнете ги нашите самостојни машини за перење 

Вградни машини за перење 

 

 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

Ако вашата кујна (или бања/соба за перење) имаат определен простор за вградни апарати, тогаш вградната машина за перење ќе го задржи елегантниот изглед на просторијата, бидејќи апаратот ќе биде скриен со вратата која одговара на кујната. Ако ја редизајнирате просторијата, вградниот модел може да биде вистински избор. Само запомнете дека инсталирањето на вграден модел може да биде посложено од инсталирање на самостоен. Би било добро да се посоветувате со производителот пред да се одлучите за ивградна машина за перење. За да бидете сигурни дека добро измеривте просторот соодветно на димензиите, побарајте ги истите под делот за технички спецификации на страниците на производите. Таму е нагласено точно колку голем отвор ви треба во вашите ормари за да се вклопи тој апарат. 

 

Погледнете ги нашите вградни машини за перење 

 

 

 

Стил

Одлучете се за видот на полнење…

 

Машините за перење доаѓаат во два видови: Полнење од горна страна и полнење од предна страна. Очигледно е дека апаратите со полнење од предна страна се полнат низ врата однапред,а оние со полнење од горе се со капак кој се отвора од горната страна. Постојат некои значајни разлики помеѓу двата видови. Описот на нивните бкарактеристики ќе ви помогнат да се одлучите кој тип повеќе одговара на вашите животни навики. 

Машини за перење со горно полнење

 

Овој вид машини за перење доминира на американскиот пазар, но многу ретко се користи во Велика Британија и Европа. Сепак, тие се достапни, така што тој тип  секако вреди да се разгледа, особено ако неговите предности ве привлекуваат. Најголемата предност на машините за перење со горно полнење е лесниот пристап. Барабанот е поставен повисоко и не треба да се наведнувате за да ја натоварите или испразните машината. Тие обично имаат поголем капацитет на полнење отколку апаратите со предно полнење, и тие исто така бараат помалку одржување. Исто така, ако сте ограничени со простор,постојат машини со горно полнење,кои се значително потенки од стандарднтет апарати со предно полнење. Околу големината манашините з аперење алишта ќе објасниме повеќе во делот Димензии. 

 

Погледнете ги нашите машини за перење со горно полнење 

Desktop Image Container
Mobile Image Container
Desktop Image Container
Mobile Image Container

Машини за перење со предно полнење

 

Сепак, машините со предно полнење нудат повеќе предности отколку оние со горно полнење. Иако можат да бидат малку поскапи, тие се повеќе ефикасни при потрошувачката на вода и електрична енергија. Ова значи дека тие се поекономични на долг временски рок. Перформансите на перење честопати се подобри бидејќи кај нив целиот барабан се потопува во вода, а исто така се понежни за ткаенините. Машините со предно полнење, исто така, нудат малку поголема флексибилност кога станува збор за инсталирањето. Над машиниата за перење алишта, можете да вградите машина за сушење алишта, со што заштедувате доста простор. И, конечно, машините со предно полнење можат да понудат поголема брзина на центрифугирање отколку оние со горно полнење што значи побрзо сушење. 

 

 Погледнете ги нашите машини за перење со предно полнење  

 

 

 

Димензии

Колку голема машина за перење ви треба? 

 

Надворешните димензии на машините за перење алишта со горно или предно полнење се произведуваат со прилично стандардни димензии. Но, ако сепак имате многу мал простор, кој ве ограничува во изборот, ќе морате да се одлучите за компактен апарат со предно полнење или пак потенка машина. Запомнете дека димензиите дадени подолу се само упатство-секогаш внимателно измерете го просторот и проверете ги надворешните димензии на достапните апарати. 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

 

Стандардни машини со предно полнење 

 

Приближни димензии: 85 cm (В) x 60 cm (Ш) x 60 cm (Д) 

 

Повеќето кујни, бањи или простории за перење имаат просторни единици за сместување на апарат со оваа големина. Тие се лизгаат под горниот кабинет или работната површина и имаат прилагодливи стопала за да го подигнат или спуштат горниот дел на машината. Оваа големина нуди поголем капацитет на барабанот и подобри перформанси и помала цена. 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

 

Стандардни машини со горно полнење 

 

Приближни димензии: 105 cm (В) x 68 cm (Ш) x 65 cm (Д) 

 

Ако немате определен простор за машина со предно полнење, најдобра замена е машина со горно полнење. Потребно е само да имата пристап до горниот дел од машината за отворање на горниот капк и полнење. Овие машини обично се повисоки од оние со предно полнење заради тоашто контролните панели се наоѓаат повисоко. Овие машини нудат поголем капацитет на барабанот, но сепак овие апарати со горно полнење ретко се користат во Велика Британија и Европа. 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

 

Машини со горно полнење и мала длабочина

 

Приближни димензии: 85 cm (В) x 60 cm (Ш) x 45 cm (Д) 

 

Ако просторот не ви дозволува,но вие сепак сакате  машина за перење алишта со предно полнење , решение може да биде компактната машина со мала длабочина. Тие машини имаат за 15 см помала длабочина од стандардните машини, така што има простор цревата за инсталација на водовод и одвод да бидат сместени зад машината. Единствен недостаток на овие вон стандардни машини е што имаат помал капацитет на барабанот.  

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

 

Проветрување на просторијата 

 

Мерењето на висината, ширината и длабочината на просторот може да изгледа прилично едноставно, но тука има повеќе моменти што треба да се предвидат. На машините за перење им треба добро проветрена просторија без прашина за да може правилно да функционира. Најдобро би било кога апаратот би бил оддалечен најмалку 5 см од двете страни и од задната страна на елементите, односно ѕидот, за да овозможите правилна циркулација на воздух. Не заборавајте да го земете и тоа во предвид при мерење на просторот.

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

 

Правец и можност за отворање на вратата 

 

Последна препорака што треба да се земе во предвид при разгледувањето на димензиите на машината за перење е растојанието од вратата. Без разлика дали апаратот е со предно или горно полнење, потребен ви е простор кој ќе овозможи целосно отворање на вратата и вам да ви овозможи соодветен пристап до барабанот. 

Измерете го просторот во кој ќе ја сместите вашата нова машина за перење за да бидете сигурни дека има доволно простор на предната страна на машината кадешто вратата од машината за перење треба целосно да се отвори. Внимавајте на сите полици или фиоки што може да ги погоди вратата при отворањето. Исто така, размислете за правецот на отворање на вратата, особено ако монтирате машина за сушење алшта до машината за перење. Во тој случај, би требало вратите на двете машини да ви бидат отворени една наспроти друга, за да не ви пречат при преместување на алиштата од едната во другата машина. Слично би било и со машината за перење со горно полнење. Во тој случај, треба да бидете сигурни дека има доволно простор над машината за перење, за капакот целосно да се отвори и дека просторот над машината е празен, односно нема полици и други делови од мебел. 

 

 

 

 

 

Димензии

Колкава големина треба да има вашата машина за перење алишта?

 

Надворешните димензии на машините за перење со предно или горно полнење обично се со стандардни димензии кај повеќето модиели и производители. Но ако вашиот простор ве ограничува, секако ќе се одлучите за компактен апарат со предно полнење или модел со помала длабочина. Запомнете дека димензиите дадени подолу се само упатства - секогаш внимателно измерете го достапниот простор и проверете ги надворешните димензии на апаратите што ги разгледувате. 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

Стандардно предно полнење 

 

Приближни димензии: 85 cm (В) x 60 cm (Ш) x 60 cm (Д) 

 

Повеќето кујни, бањи или простории за перење имаат просторни единици за сместување на апарат со оваа големина. Тие се лизгаат под горниот кабинет или работната површина и имаат прилагодливи ногари за да го подигнат или спуштат горниот дел на машината. Оваа големина нуди поголем капацитет на барабанот и подобри перформанси за пониска цена. 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

Стандардно горно полнење 

 

Приближни димензии: 105 cm (В) x 68 cm (Ш) x 65 cm (Д) 

 

 Ако немате доволно простор за машина со предно полнење, тогаш треба да се одлучите за машина со горно полнење. Во тој случај, потребен ви е слободен простор над машината за перење, зошто тие машини обично се обично повисоки од оние со предно полнење,поради повисоката поставеност на контролните табли. Тие нудат големи капацитет на барабанот, но стандардните машини за перење со горно полнење се прилично невообичаени во Велика Британија и Европа. 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

Машина со горно полнење со мала длабочина 

 

Приближни димензии: 85 cm (В) x 60 cm (Ш) x 45 cm (Д) 

 

Ако вашиот простор не ви дозволува, но вие дефинитивно сакате апарат со предно полнење, компактната големина може да биде ваше решение. Овие машини се за 15 см поплитки од стандардните машини, така што има простор за водоводните и одводните црева да се сместат зад машината. Единствен недостаток на овие машини е што имаата помал капацитет на барабанот.  

 

 

 

Капацитет

Колкав простор ви е потребен за вашата машина за перење? 

 

Капацитетот на барабанот покажува колку алишта можете да ставите во машината за перење. Оваа опција  е искажана во килограми, но не е баш лесно да се определи колку е всушност 7 килограми алишта ,а нормално дека не очекуваме да ги мерите вашите алишта на вага пред да ги исперете! Изборот на вистинскиот капацитет на барабанот зависи од големината на вашето домаќинство и количината на перење што го правите. Информациите подолу ќе ви дадат груб показател за тоа колку алишта можете да исперете во различни капацитети на барабанот.  

itemModel.imageName
itemModel.imageName
photo_dummy_infog
itemModel.imageName
itemModel.imageName
photo_dummy_infog

Забелешка за… Преполнување

Преполнувањето на машината за перење ги намалува нејзините перформанси на перење. Машината бара слободен простор во барабанот за да може растворот од детергент и вода пподобро да навлезат во алиштата. Од таа причина, преполнетиот апарат потешко ќе ги донесе алиштата до саканото ниво на чистота. Ако имате големо домаќинство, што значи дека апаратот ќе го користите многу често, при избор на машина за перење треба да изберете со што поголем капацитет на барабанот.

Забелешка за … Преполнување

 

Преполнувањето на машината за перење ги намалува нејзините перформанси на перење. Машината бара слободен простор во барабанот за да може растворот од детергент и вода пподобро да навлезат во алиштата. Од таа причина, преполнетиот апарат потешко ќе ги донесе алиштата до саканото ниво на чистота. Ако имате големо домаќинство, што значи дека апаратот ќе го користите многу често, при избор на машина за перење треба да изберете со што поголем капацитет на барабанот.

Брзина на центрифугирање 

Колку вртежи во минута ви се потребни? 

 

 Машините за перење се префрлаат на циклусот на центрифуга после циклусот за перење за отстранат што е можно повеќе вода од испраната облека, така што тие остануваат влажни, а не преполни со вода. 

 

 Брзината на центрифугирање се покажува колку пати барабанот на машината за перење се врти во рок од една минута и се мери со број на вртежи во минута. Поставката од 1200 вртежи во минута значи дека барабанот ќе се заврти 1200 пати во минута. 

Предност на поголема брзина на центрифугирање

 

Поголемата брзина на центрифугирање значи дека на вашата облека ќе и треба помалку време да се исуши. Поголемата брзини на центрифугирање се корисни во домаќинства со ограничен простор за сушење на облеката или кои не поседуваат машина за сушење.

 

 Сепак, има добри вести за оние што поседуваат машина за сушење. Бидејќи вашата облека ќе биде добро исцедена во машината за перење, на машината за сушење нема да и треба многу време за ја исуши. Оваа е значителен процент во заштедата на електрична енергија од машината з асушење, што ќе го надомести незначително зголемениот процент на потрошувачка на електрична енергија на во машината за перење при центрифугирање. Со други зборови, побрзо вртење машината за перење ќе ви заштеди и време и енергија на долг рок.

Дали центрифугирањето на алиштата е секогаш добра работа? 

 

Различни текстилни производи бараат различна брзина на центрифугирање. Затоа проверете ја вашата гардероба и видете кои предмети може да издржат поголема брзина на центрифугирање без да се оштетат. Ако перете многу издржливи памучни предмети (или памучни предмети кои се користат многу често), тогаш вреди да се инвестира во машина за перење со посилна центрифуга.  Понекогаш, повисоката брзина на вртење на машината за перење не е секогаш најдобра, бидејќи може да ги изгужва елегантните памучни кошули, што значи подолго и понапорно пеглање. Секако, чувствителните парчиња облека ќе ви бидат благодарни ако ги ставите на побавна брзина на центрифугирање, бидејќи повисоката брзина на вртежи може да биде штетна за нив. 


Брзината на центрифугирање можете да ја прилагодите спрема вашите потреби, но сепак е подобро секогаш да применувате стандардна брзина од 1200 или 1400 вртежи во минута, тогаш кога ви се потребни повисоки брзини на центрифугирање. Секогаш можете да го наместите центрифугирањето на пониски вредности или да изберете програми за побавно центрифугирање за нежни алишта.

 

 

 

Енергетска ефикасност и нивоа на бучава

Колку сакате да бидат еколошки и тивки вашите апарати? 

 

Сите ние како единки треба да се стремиме кон заштеда на вода и електрична енергија, а производителите на машините за перење ги прават истите напори, со цел што повеќе да придонесат во заштита на животната средина. Факт е дека апаратите за домаќинство со подобри перформанси, не помагаат само во намалување на јаглеродното испарување, туку можат да помогнат и во намалувањето на домашните сметките. Поефикасните модели обично се малку поскапи, но најверојатно ќе ви заштедат пари на долг рок. 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

Енергетска ефикасност 

 

Скоро сите понови модели на апарати доаѓаат со ознака за енергетска оценка на ЕУ, а најновите машини за перење имаат оценки од А +++ (најефикасни) до А+ (најмалку ефикасни).  Дури и во опсегот А +++, машините можат да бидат до 70% поефикасно енергетски ефикасни од другите, затоа обрнете внимание на деталите. Имајте на ум дека некои трговци може да имаат апарати со понизок рејтинг од овој, иако многу ретко во Европа. Овие оцени се пресметуваат на целосни и делумни оптоварувања при перење на памучна облека на 40 oC и 60 oC , така што вашата потрошувачка на енергија може да варира ако имате тенденција да користите различни програми за перење. 

 Новите технологии на база на компресори овозможуваат и поголема енергетска ефикасност благодарение на моторите без четки, што го намалува триењето во подвижните делови. Ова значи дека вашата машина е и потивка и трае подолго. 

 

Погледнете ги нашите најенергетски ефикасни машини за перење 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

Потрошувачка на вода 

 

Етикетите за енергетски рејтинг, исто така, даваат проценка за тоа колку вода ќе потроши вашиот апарат во текот на една година. Постојат машини за миење садови кои користат само 5,5 литри вода за едно перење. Други, помалку ефикасни модели можат да користат до 15 литри. Ако не можете да се одлучите помеѓу два или повеќе модели, оваа карактеристика би можела да ги разреши вашите дилеми.  

 

Погледнете ги нашите машини за перење со најголема заштеда на вода 

Desktop Image Container
Mobile Image Container

 

Ниво на бучава  

 

Со оглед на нивната тежина и деловите што брзо се движат, машините за перење имаат потенцијал да бидат едни од најбучните апарати во вашиот дом. Важно е да се земе предвид степенот на бучава на апаратот што сакате да го купите, особено ако го монтирате во кујна која не е одделена со врата или блиску до спални соби.

 Етикетите за енергетска ефикасност на машината за перење го покажуваат нивото на бучава на машината, а тоа може да се движи од 40 dB (многу тивка) до 80 dB (јачина на звук во висина на ѕвонење на телефон). Моделите со повисоки перформански имаат тенденција да бидат потивки затоа што вклучуваат мотори без четки и системи против вибрации, но секако овие ќе бидат малку поскапи од другите. Ако имате посебна кујна или посебна просторија за перење, бучавата што ја создава машината за перење можеби не е толку важна. 

 

Погледнете ги нашите најтивки машини за перење 

itemModel.imageName
itemModel.imageName
missing_comp

Забелешка... Бучава и инсталација  

 

Правилната инсталација може да помогне многу за намалување на бучавата што ја создава машината за перење. Додека барабанот се врти, машината вибрира и може да удира во цревата за инсталација или во вратата од вградниот елемент. Проверете дали ногарите на вашиот апарат се рамни, дека машината не се ниша додека работи и дали самата машина е правилно поставена. Може исто така да ставите сунѓери помеѓу страните и задниот дел на машината, за да ја намалите бучавата од вибрациите.

 

 

 

Програми & карактеристики

Програми, специјални циклуси, модерни перформанси... Што ви е потребно?

 

Од апарати со основни програми до оние од висока класа со звучни сигнали..., има многу карактеристики на машината за перење што можеби очајно ќе ви требаат или никогаш нема да ги користите!  Значи, ајде да погледнеме што се нуди и што има смисла за вас. 

Програми

 

Иако некои повеќе машини за почетно ниво ќе понудат неколку самообјаснувачки поставки за програмата, колку повисоко одите во перформансите на машината,толку повеќе можности на програми за перење ќе добиете. Ајде да погледнеме што всушност прават овие чудни и прекрасни програми.  

 

Програми за специфични материјали 

Кога ќе одлучите да потрошите повеќе пари за машина за перење, ќе видите дека постојат програми за специфични видови ткаенини. Волната, свилата и синтетиката се вообичаени типови ткаенини за кои машините од повисока класа посебно се грижат, па дури има и такви кои нудат специфични поставки за облека, спортска облека и навлаки. 

 

Интензивни програми 

Интензивните програми се совршени за многу извалкани предмети, така што ова може да биде корисно ако имате спортисти или ликовни уметници во домот. Програмите за предперење, исто така, ќе помогнат да се ослободи тврдокорната нечистотија пред главното перење.  

Desktop Image Container
Mobile Image Container

Програми за брзо перење 

Некои машини нудат циклуси за брзо перење кои можат да се справат со мал број лесно извалкани предмети за 15-20 минути.  

 

Програми против гужвање или лесно пеглање 

Побавната брзина на центрифугирање и технологијата против гужвање им овозможуваат на машините со оваа поставка значително да го олеснат пеглањето. 

 

Програми за специјална нега 

Овие програми вклучуваат напредни програми за хигиена, со дополнителни циклуси на плакнење за отстранување на полен, прашина и други алергени од ткаенини, и циклуси за бебиња кои убиваат 99,9% од бактериите. Некои дури можат безбедно да исперат облека со етикета „Само за рачно перење“. 

 

Специјални циклуси 

Некои машини нудат уште поспецифични програми за справување со проблемот на перење. Програмата на свежо испарување користи пареа за да ги освежи алиштата, наместо да ги испере целосно. Исто така, некои машини имаат специфична програма за отстранување дамки, која користи внимателно контролирани програми и температура за отстранување на тврдокорните дамки како трева или црвено вино. 

 

Програми што се плаќаат 

Некои понапредни машини ќе ви овозможат да прилагодите програма со прилагодување на температурата и брзината на центрифугирање и ќе вклучат мемориска функција за да можете да ги зачувате истите. 


Временското одложување е уште една корисна мала карактеристика која ви овозможува да определите кога точно сакате да започне циклусот на перење, што значи дека можете да си одредите време за перење кое ќе заврши ,кога ќе се вратите дома. Нема повеќе влажни алишта што седат во машината со часови!  

Desktop Image Container
Mobile Image Container

Карактеристики

 

Се чини дека апаратите стануваат попаметни од ден на ден, а машините за перење не се исклучок. Додека се движите нагоре по ценовниот опсег, ви се нудат и некои фенси функции како ѕвона и свирки. Значи, ајде да погледнеме што прават тие, за да можете да одлучите дали вредат дополнително вложување. 

 

 

Временско одложување и меморија 

Временското одложување е практична мала карактеристика што ви овозможува да поставите точно кога сакате да започне циклусот на перење, што значи дека можете да си одредите време да заврши перењето веднаш штом ќе се вратите дома. Нема повеќе влажни алишта што седат во машината со часови! 

 

Некои понапредни машини ќе вклучуваат мемориска функција за да можете да ги зачувате вашите омилени поставки.  

Карактеристики на ефикасност 

Благодарение на нивните специјални сензори, некои машини се доволно паметни за да знаат каков вид ткаенина сте ставиле во машината и можат точно да ја постават потребната количина на вода и електрична енергија за совршено перење. 

 

Автоматското дозирање е уште една карактеристика за ефикасност што може да ви помогне да заштедите време и пари. Наполнете го резервоарот за детергент и машината, и ќе го направи останатото! Апаратот ќе ја одреди ткаенината и количината на перење и потоа ќе ја искористи точната количина детергент. Ова не ви заштедува само пари за детергент, туку го спречува да се направи  сапуница од премногу детергент.  

 

Безбедносни карактеристики 

Машините за перење, исто така, можат да бидат опремени со низа безбедносни карактеристики што ви даваат мир, особено ако многу го користите апаратот додека сте надвор од куќата. Такви се на пример сензорите за заштита од прелевање и истекување. Тие ќе ја исклучат машината ако забележат истекување во водоводот и ќе спречат можна поплава. Технологијата против пена, исто така, ќе го спречи создавањето прекумерна количина на сапуница ако случајно сте ставиле премногу детергент за перење.

 

Бравите се уште една вообичаена безбедносна карактеристика. Бравите за деца ќе ги заклучат поставките, така што малечките палавковци нема да можат да ја променат брзината на центрифугирање или да го запрат циклусот на половина пат. Бравите на вратите се уште една добра безбедносна карактеристика што ве спречува случајно да ја отворите вратата кога машината е полна со вода.   

 

Други карактеристики 

Друга паметна технологија на машината за перењепретставува програмата на самоодржување, што вклучува програма која ќе ги измие сите остатоци од детергент или омекнувач во фиоките за детергент и во барабанот. 

Забелешка за ... Цена

 

Машината за перење можеби не е најгламурозната инвестиција којашто сте ја направиле во последно време, а со тоа и буџетот исто така ќе биде фактор додека ја донесувате одлуката за набавка на истата. Сепак запомнете, дека во сите овие видови и карактеристики, машините можат да варираат со цена од 200 до 1200 фунти.

 

 

Добра вест е дека перформансите за перење на машината за перење немаат многу врска со нејзината цена. Факторите што ја прават разликата во овој поглед се енергетската ефикасност и нивото на бучава. Естетските елементи како дигитални или контроли на допир исто така можат да ја зголемат цената. Сепак, можно е да се најде вистинскиот баланс во однос на стилот, големина и карактеристики по цена што нема да го преоптерети вашиот буџет. 

 

 

 

 

 

Дизајн

Кој изглед најмногу ќе одговара на вашиот простор? 

 

Вашите апарати најверојатно ќе бидат на јавно место во вашиот дом, така што при нивна набавка е посебно важно вашата машина за перење на изгледа добро.  

Боја

 

Белата боја отсекогаш била највообичаена, најмногу заради тоа што таа се вклопува во повеќето дизајни на кујни. Но, апаратите со потемни бои и лакираните апарати исто така стануваат популарни, и ако разгледате подетално, сигурно ќе најдете машина во боја која најмногу ви одговара. Ако имате специјална просторија за перење, изгледот можеби не е толку важен, а пак доколку се одлучите за вграден модел, тоа ќе  значи дека ќе можете целосно да ја скриете машината. 

Desktop Image Container
Mobile Image Container
Desktop Image Container
Mobile Image Container

Дисплеј и основни контроли 

 

 Моделите со пониска цена обично имаат копче за избор на програма и неколку копчиња за физичка манипулација за други основни карактеристики. Доколку одлучите да купите поскапа машина, ќе забележите дека дигиталните дисплеи ќе покажат голем опсег на информации, како што се преостанатото време и времето на стартување доколку сте ја користеле функцијата за одложено стартување. Исто така, дигиталните контроли се помали по димензии, со што создаваат беспрекорен изглед. Ова се однесува и на самостојните и на вградните машини за перење алишта. 

Rather talk to someone?