Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

3 мин на читање

Како правилно се полни машината за перење на алишта?

Како правилно се полни машината за перење на алишта?
Како правилно се полни машината за перење на алишта?

 

 

Сигурно често Ви се случува алиштата за перење од корпата едноставно да ги ставите во машината за перење алишта,ја одбирате секогаш истата програма, ја затворате вратата и стегате палци. Реалноста е таква што,на ваков начин најверојатно нема оптимално да ја искористите својата машина за перење, односно нема оптимално да ги исперете своите алишта. За среќа, овај водич постои за да Ви објасни како најдобро да ја наполните машината за перење на алишта, за најдобро перење и заради оптимална нега на облеката. 

 

 

 

Сортирање 

 

Ставањето на црвени чорапи во машина полна со бели алишта е стар и добро познат малер, но истиот ни покажува колку е важно сортирањето на алиштата пред ставање на истите во машина.Најважно е да се класифицираат алиштата на бели (претежно бели и светлосиви алишта), шарени(посветли пастилни бои) и темни (темносиви,тегет, бордо, кафени, црни). Ако така групираните алишта ги перете заедно, ќе им ја зачувате бојата и ќе спречите бојата од темните да премине на светлите алишта. 

 

Но ако сакате гардеробата да Ви биде во навистина одлична состојба, почитувајте ги препораките од етикетите на гардеробата, кадешто се прикажани поголем број на симболи коишто покажуваат како треба истата да се пере и суши. Во табелата подолу прикажан е краток преглед на тие симболи и предложен циклус на перење за истите.  

 

Еве што означува секој симбол: 

  1. Машинско перење
  2. Машинско перење, трајно пеглање 
  3. Машинско перење, чувствително
  4. Не се пере 
  5. Рачно перење 
  6. Не се цеди со центрифуга 
  7. и 13. Температура на вода 30 °C или 80 °F 
  8. и 14. Температура на вода 40 °C или 105 °F
  9. и 15. Температура на вода 50 °C или120 °F
  10. и 16. Температура на вода 60 °C или 140 °F
  11.  и 17. Температура на вода 70 °C или 160 °F
  12.  и 18. Температура на вода 95 °C или 200 °F

 

Не подлегнувајте на искушението да ставите што повеќе алишта во машината - преполнувањето ја намалува ефикасноста на перењето, дури може и да ја оштети облеката, бидејќи таа нема простор слободно да се движи во барабанот. Но тоа не сè - преполнувањето може да предизвика и оштетување на машината, а сите знаеме дека повикувањето на сервис е многу поголемо мачење од перење на една машина плус. 

 

Исто така, не е добро ни ставање на премалку алишта во машината, бидејќи тогаш многукратно се намалува ефикасноста на перењето. Машината користи иста количина на вода и струја за еден оптимално наполнет барабан и за барабан наполнат до 1/3. 

 

Прочитајте го овој водич ака сакате да дознаете колку алишта треба да ставите во машината,но златно правило е барабанот да се полни до 80% без притискање на алиштата (тоа важи само за обични памучни алишта - количината на алишта може да се менува кај специјалните програми, затоа погледнете го упатството за употреба на машината). 

 

Кога се работи за ставање на алишта во машина за перење, ставајте ги парчињата облека едно по едно или барем внимавајте истите да не се заплеткани меѓусебно. Затворете ги патентите,од џебовите извадете ги сите предмети, како што се хемиски пенкала, пари-не само заради облеката, туку и заради машината за перење алишта! Добра идеја е повторно да ги прегледате етикетите на гардеробата, на кои некогаш е напишана некоја посебна препорака, пример при перење некое парче облека да се преврти наопаку. Ако ги третирате дамките пред перење, следете го упатството на конкретниот детергент кој го користите. 

 

 

 

Користете ја соодветната доза 

 

Секогаш се препорачува алиштата да се сортираат и правилно да се наполни машината, но сето тоа е занемарливо ако користите премногу или премалку детергент. 

 

Дозата на употребен детергент зависи од повеќе фактори-типот на детергент кој го користите, тврдоста на водата, степен на извалканост на алиштата и количината на алишта. На поголемиот дел од амбалажите на прашкастите и течните детергенти е наведена мера за мали, средни и поголеми количини на алишта кои се перат, а на капсулите е предложено кога треба да се додаде повеќе од една капсула. 

 

Наш најдобар совет за дозирање се нашите машини за перење на алишта со програма AutoDose. Тие автоматски дозираат детергент, во зависност од количината на алишта и од избраната програма.Тоа е еден од најефикасните начини на користење на машината за перење на алишта,а тие машини се користат и до еден месец без дополнување на детергент.  

 

Иако можеби делува комплицирано на прв поглед, потрудете се да ги стекнете овие навики во своето секојдневно перење и машината за перење ќе Ви биде благодарна. 

 

 

Rather talk to someone?