Постојат неколку причини зошто аспираторот може да ја изгуби моќта на вшмукување. Погледнете дали нешто од следново ќе го реши проблемот.
Редовно чистете го филтерот за маснотии
Ако вашиот аспиратор е поврзан со вентилација, тој веројатно има постојан филтер со метална мрежа што треба да се чисти од време на време. Ако не го чистите филтерот редовно, маснотиите и прашината можат да поминат низ него и да стигнат до вентилаторите или до внатрешните sидови на уредот. Ова го намалува протокот на воздух.
За да видите каде се наоѓа филтерот и како да го отстраните, погледнете го упатството за употреба. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука така што ќе го внесете бројот на моделот на вашиот производ.
За да го исчистите филтерот за маснотии, ставете го во топла или врела вода со малку детергент за садови или слично средство за одмастување. Оставете го малку во таа течност да омекне маснотијата. Потоа избришете го со сунѓер или мека четка. Извадете го филтерот и исчистете го темелно еднаш месечно.
Некои филтри за аспиратори може да се мијат и во машина за миење садови. Пред да го вратите, задолжително добро да го исушите филтерот.
Редовно менувајте го јаглениот филтер (за модели што не се поврзани со одводот за вентилација)
Ако вашиот аспиратор не е поврзан со одвод, тој веројатно има јаглен филтер. Јагленити филтри се за еднократна употреба и треба да се заменуваат од време на време.
Во упатството за употреба на вашиот аспиратор, ќе научите како да го извадите и промените јаглениот филтер. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука така што ќе го внесете бројот на моделот на вашиот производ.
Се препорачува да се менува јаглениот филтер на секои шест месеци. Ако често готвите или пржете, можеби ќе треба да го менувате јаглениот филтер на секои три до четири месеци.
Проверете дали има нечистотија во внатрешноста на аспираторот
Ако сте ја провериле состојбата на филтерот на аспираторот, проверете ја вентилацијата на воздухот на аспираторот. Ако аспираторот не е исчистен подолго време, прашината и маснотијата може да влегле низ филтрите и да стигнат до вентилаторот на аспиратор. Иако шансите се мали, аспираторот можеби вшмукал туѓо тело што го попречува протокот на воздух во внатрешноста на уредот.
За да бидете сигурни дека не е така, извадете ги сите делови што може да се отстранат од аспираторот и проверете ја внатрешноста. За време на оваа постапка, добро избришете ги внатрешните sидови со влажна крпа. Можете да ја навлажнете со абразивно средство или детергент за садови.
Пред да го вратите, не заборавајте да го исушите филтерот и внатрешните sидови на аспираторот.
Врска со одвод за вентилација
Протокот на воздух во аспираторот може да биде попречен од предмети заглавени во врската со одводот на вентилацијата или во самиот одвод. Ако се сомневате дека тоа е проблемот, контактирајте овластен сервисен центар.
Земете во предвид технички проблеми
Ако проблемот продолжи, може да има технички проблем со аспираторот. Ако се сомневате дека тоа е проблемот, контактирајте овластен сервисен центар.