Вашата машина за сушење алишта работи прилично тешка работа: сушење на алишта,оптеретување со поголема тежина на водени алишта, па нормално е дека треба да ѝ посветите малку повеќе внимание од време на време. Одржувањето на редовна хигиена на овај апарат е клучно за истиот да работи што е можно поефикасно, затоа следете го овој едноставен прирачник со упатства, за да бидете сигурни дека Вашата машина за сушење алишта ја извршува најдобро својата работа за која е предодредена.
Редовно чистете ги филтрите
Најважните делови од Вашата машина за сушење алишта се неговите филтри - да, ги има повеќе од еден!
Филтерот за влакна е оној дел кој ги зафаќа сите ситни влакна што излегуваат од алиштата при нивното сушење и тој е сместен на внатрешната страна од врататат. За да го отстраните, едноставно подигнете го.
Откако ќе го отворите, ќе видите купче од натрупани влакна после секоја употреба на машината, затоа чистењето на филтерот после секој циклус на сушење е многу добра и практична навика.
При чистењето на филтерот, влакната можете да ги отстраните рачно или со помош на правосмукалка, која ќе ја вклучите на најмала јачина. Откако ќе го сторите тоа, повторно вратете го филтерот на место.
Одржувањето на филтерот за собирање на влакна чист е од многу голема важност, бидејќи валканиот филтер ја оптеретува машината и ја прави да работи понапорно. Тоа исто така значи дека на машината ќе ѝ треба повеќе време да ги исуши алиштата, а со тоа ќе потроши и повеќе енергија, а дополнителното оптоварување ќе го скрати животниот век на апаратот.
Друг дел е филтерот за пареа, или фиоката за филтрирање, што ќе ја најдете на задната страна од капакот на долниот агол на апаратот. Ако Вашата машина е модел што користи кондензатор, него исто така ќе го најдете на задната страна на овој капак.
Отворете го капакот, а потоа извадете го филтерот од неговото куќиште. Секој апарат е различен, затоа проверете го упатството за употреба ако не сте сигурни како да го направите ова.
При отворањето на самиот филтер, на внатрешната страна ќе забележите преграда за собирање на пената. Исчистете ги површините на куќиштето за филтерот со рака или повторно со правосмукалка, и ако преградата за собирање на пената изгледа нечисто, истата можете да ја исплакните под чешма.
Потполно исушете ја преградата за собирање на пена,пред да ја вратите во куќиштето,па потоа во машината за сушење алишта. Практикувајте го ова чистење на машината после неколку поминати циклуси на сушење.
Испразнете го резервоарот за вода кога е полн
Друга добра навика за одржување на машината е редовно празнење на резервоарот за вода (ако апаратот не е приклучен на водовод). Во овај резервоар се чува водата која испарува од алиштата при процесот на сушење.
Кога резервоарот е полн, ќе светне сигналната светилка, но вие не мора да чекате сигнал, празнењето на резервоарот можете да го направите и тогаш кога ги чистите филтрите.
Исчистете ги надворешните површини
Држете ја чиста надворешната површина на апаратот. Едноставно користете мека крпа или сунѓер со неабразивен производ за чистење и нежно избришете ја.
Ако случајно истуривте детергент или омекнувач на Вашиот апарат, не заборавајте веднаш да го избришете, за да не се предизвика корозија на металните површини.
Значи, доколку ги следите овие насоки, Вашата машина за сушење алишта ќе биде во одлична форма долго време.