Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

2 мин на читање

Машина за сушење алишта или комбинирана машина за перење-сушење:Која ви е потребна?

Машина за сушење алишта или комбинирана машина за перење-сушење:Која ви е потребна?
Машина за сушење алишта или комбинирана машина за перење-сушење:Која ви е потребна?

 

 

Доколку имате машина за сушење на алишта, истата може да ве спаси од претрупување на Вашиот дом со купови од алишта за сушење или излегување надвор за да ги закачите свежо испраните чаршафи на студено или жешко време.

 

Ако сте се решиле дека го сакате овој дополнителен комфор, треба да направите избор. Дали ќе купите посебна машина за сушење алишта или ќе се одлучите за комбинирана машина за перење-сушење? Секоја од нив си има свои предности и недостатоци, па затоа дозволете му на овај овој водич да ги одговори најважните прашања поврзани со нив. 

 

 

 

Машините за сушење имаат поголем капацитет, но бараат дополнителен простор

 

Машината за сушење обично имаат поголем капацитет на барабанот од машината за перење. Машината за сушење може да има капацитет до 10 кг, додека комбинираните машини пери-суши може да се справат само околу 5 или 6 кг. Значи, ако планирате да сушите многу алишта, секако добро размислете. 

 

 Самостојна машина за сушење алишта може исто така да биде поефикасна во однос на енергијата од вообичаената машина за перење алишта, што ви дава можност да размислите кога донесувате одлука. 

 

Од друга страна, машините за сушење се дополнителен апарат, што значи дополнителен трошок и ослободување на дополнителен простор.

 

Тоа значи дека машината за сушење алишта може да биде со приближно иста цена како комбинираната машина за перење-сушење, па треба добро да размислите која од овие варијанти повеќе одговара на Вашиот буџет. Можете да ја поставите машината за сушење алишта над или под машината за перење, што значи дека можеби ќе можете да го искористите Вашиот достапен простор креативно. 

 

 

 

Комбинираните машини за перење-сушење имаат помал капацитет, но работат за две машини 

 

Погодноста е веројатно во лесниот начин на користење. Можете да ја исперете и  исушите облеката без да ја  префрлате од една во друга машина. Некои машини дури имаат такваи програми  што ги сушат алиштата веднаш по завршувањето на перењето. Ставате нечиста облека,а вадите чиста и сува облека! 

 

Имањето на двете функции во еден апарат заштедува и простор, па ако Вашиот дом е со  помалата квадратура, најверојатно ќе биде полесно да најдете простор за само една машина наместо за две. 

 

Сепак, постои ограничување на практичноста што ја нудат комбинираните машини пери-суши. Логично, нивниот капацитет за сушење е за неколку kg помал од капацитетот за перење. Тоа значи дека или треба да ја подиспразните машината од алиштата коишто сте ги испрале или да ги извадите помалку влажните алишта пред да започнете со циклусот на перење. 

 

 

 

Разгледајте го Вашиот буџет и просторот што го имате пред да донесете одлука 

 

Значи, одлуката се сведува на просторот што го имате, а можеби и на Вашиот буџет. Ако имате простор за две машини и донесете одлука, купувањето на посебна машина за сушење може да биде најдобрата идеја. Купувањето на двете машини од еден ист производител може да создаде компатибилност и надополнување на перформансите на двете машини.

 

Добрата вест е што можете да ја поставите машината за сушење над  машина за перење со соодветен комплет за редење за да заштедите простор. На тој начин, само една машина ќе зафаќа простор на подот.

 

Ако сте апсолутно ограничени со простор,тогаш комбинираната машина за  перење-сушење е најдобра опција, а можеби е поекономична исто така. 

 

 

Rather talk to someone?

Beko