Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

4 мин на читање

Објаснување на програмите на Beko машините за перење на алишта

Објаснување на програмите на Beko машините за перење на алишта
Објаснување на програмите на Beko машините за перење на алишта

 

 

Ако сте горд сопственик на нова Beko машина за перење на алишта или размислувате да купите таква, познавањето на можностите на истата можат да бидат од голема помош при неделната борба со непраните алишта. 

 

Овој водич ќе Ве води низ програмите и функциите достапни на Beko машината за перење на алишта*, со што точно би знаеле што Вашата машина ќе биде во состојба да постигне. 

 

*Програмите и функциите зависат од моделот. Детално побарајте во спецификациите на производот. 

 

 

 

Главни програми 

 

Beko машините за перење на алишта нудат три главни типови на програми:памук,синтетика и волна; кај сите три типа температурата може да се одбере (иако секоја ткаенина си има своја фиксна максимална температура и максимална брзина на центрифугирање). Во табелата подолу наведен е преглед на тие вредности. 

 

 

Памук

Оваа програма е наменета претежно за памучни алишта (со 85% или повеќе памук), како што се: постелнини, крпи, долна облека, маици итн. 

 

90 oC: Оваа висина на температура е најдобра за валкани бели памучни алишта и текстил (чаршафи за маса, крпи, постелнина) 

 

60 oC: Оваа висина на температура е најдобра за нормално извалкани, обоени памучни алишта и ткаенини со постојани бои, како што се: маици, кошули и пижами, како и за благо извалкани алишта и ткаенини. 

 

30 oC - 40 oC: Оваа висина на температура е најдобра за чувствителни ткаенини или предмети од мешавина на ткаенини.

 

Ладно: Оваа температура е најдобра за чувствителни ткаенини. 

 

 

 

 

Синтетика

 

Оваа програма е наменета за облека во чији состав има најмногу полиестер или најлон. 

 

60 oC: Оваа висина на температура е најдобра за нормално извалкани алишта, обоен памук и ткаенини со постојани бои, какошто се маици, кошули и пижами, како и за благо извалкани бели алишта и ткаенини. 

 

30 oC – 40 oC: Оваа висина на температура е најдобра за чувствителни ткаенини или предмети од мешавина на ткаенини. 

 

Ладно: Оваа висина на температура е најдобра за чувствителни ткаенини. 

 

 

Волна

 

Оваа програма е наменета за алишта во чиј состав има најмногу волна. 

 

30 oC – 40 oC: Оваа висина на температура е најдобра за чувствителни ткаенини, волна или предмети од мешавина на ткаенини. 

Ладно: Оваа висина на температура е најдобра за чувствителни ткаенини. 

 

 

 

 

Посебни програми 

 

Покрај стандардните програми кои ги објаснивме погоре, Beko машините за перење на алишта нудат и цела палета на дополнителни програми. И кај тие програми, исто така, можете да ја прилагодувате брзината на центрифугирање и температурата. 

 

 

 

Антиалергиска програма 

 

Оваа програма пере подолго и на висока температура,а има и дополнителен циклус на плакнење, за да се отстранат сите бактерии и алергени. 

 

 

 

Автоматски

 

Оваа програма определува колку се алиштата валкани и во согласност со тоа го прилагодува времето на перење и температурата. 

 

 

 

Детски алишта 

 

Оваа програма користи подолго перење во врела вода и користи дополнителни фази на плакнење, заради отстранување на бактериите и алергените. 

 

 

 

Памук еко 

 

Оваа програма пере нормално извалкани памучни алишта со помала потрошувачка на вода и електрична енергија. 

 

 

 

Темни алишта 

 

Оваа програма користи пониски температури и помалку ги превртува алиштата, така што, темната гардероба се штити од обелување. 

 

 

 

Јоргани и јакни од пердуви 

 

Оваа програма е специјално проектирана за перење на потешки јоргани. 

 

 

 

Еко чистење 

 

Оваа програма овозможува перење до 3.5 kg малку извалкана памучна облека со минимална количина на вода и електрична енергија. 

 

 

 

Освежување

 

Иако не станува збор за комплетен циклус на перење,оваа програма ја освежува носената но неизвалкана облека. Се работи за програма од 30 мин, која со помош на пареа и јони, ги отстранува непријатните мириси од малку носената облека. 

 

 

 

GentleCare™

 

Оваа програма ја штити текстурата и бојата на чувствителните ткаенини, како што се ткаениот или чешланиот памук, благодарение на својот алгоритам за нежно перење и центрифугирање. 

 

 

 

Рачно перење/Осетливи алишта 

 

Оваа програма е идеална за волнени и чувствителни парчиња на облека, на која пишува „да се пере на рака“. Бидејќи не користи високи температури и бидејќи алиштата нежно се вртат во барабанот, нема да се поштетат. 

 

 

 

Hygiene+

 

Оваа програма ги обединува контролата на температурата со дополнителен циклус на плакнење и центрифугирање, при што сите микроорганизми се отстрануваат од облеката. Температурната разлика е од 20 до 90 степени Целзиусови, при што организацијата Allergy UK потврди дека со циклусот на перење на 60 степени Целзиусови се елиминираат 99,9% од алергените. 

 

 

 

Интензивни

 

Оваа програма ги пере алиштата подолго и има дополнителни фази на плакнење за да се избори со многу валкани алишта. 

 

 

 

Мешавина на ткаенини 

 

Оваа програма заедно пере памук и синтетика.

 

 

Програма за спортска облека/облека за активности на отворено 

 

Оваа програма го штити водоотпорниот слој на облеката за активности на отворено. 

 

 

 

Брзо перење 

 

Со оваа програма се пере полн барабан со алишта за само 28 минути. 

 

 

 

Кошули

 

Оваа програма е специјално проектирана за перење на кошули. 

 

 

 

Спортска облека

 

Оваа програма е наменета за облека за спорт, која најчесто е изработена од мешавина на памук и синтетика. 

 

 

 

StainExpert™

 

Оваа програма е тестирана на 24 различни видови на дамки и подобро ги отстрануваат упорните дамки од стандардната програма за памук. 

 

 

 

SteamTherapy™

 

Оваа програма трае 15 минути и пере до 1 kg суви алишта со интензивно додавање на водена пареа, со што се напалува туткањето на алиштата до 58% (испитано во интерни лаборатории). 

 

 

 

Daily Xpress

 

Оваа програма пере полн барабан на алишта за 28 минути. 

 

 

Xpress супер кратка програма 14 минути

 

Оваа програма може брзо да испере неколку памучни,малку извалкани парчиња на алишта. Пере 2 kg алишта за 14 минути. 

 

 

 

Clean & Wear®

 

Програма која пере и суши 1 kg алишта за 2 часа. Идеална е кога треба некоја модна комбинација да ја исперете и облечете, а немате многу време.

 

 

 

CoolClean™

 

Програма која пере како програма на 40 степени Целзиусови, а на околу 20 степени Целзиусови, со што се штеди 75% електрична енергија. 

 

 

Woolmark® програма за нега на облека

 

Специјална програма која го прилагодува вртењето на барабанот така да спречува оштетување и собирање на волнената облека која може да се пере во машина. 

 

 

Rather talk to someone?