Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

2 мин на читање

Прашкаст, капсула или течен? Како да изберам соодветен детергент за машината за перење алишта?

Прашкаст, капсула или течен? Како да изберам соодветен детергент за машината за перење алишта?
Прашкаст, капсула или течен? Како да изберам соодветен детергент за машината за перење алишта?

 

 

Се согласуваме, „Кој тип на детергент треба да го користам во машината за перење на алишта“ и не е некое прашање заради коешто цели ноќи не спиете, но секако дека постои некоја разлика помеѓу прашкастиот, течниот детергент и капсулите, зарем не? Да, постои, но за да можете да изберете правилно, треба да ги знаете карактеристиките на секоја врста детергент. Точно во тоа може да Ви помогне овај водич. 

 

 

 

Прашкаст детергент 

 

Како класичен детергент за перење на алишта, прашокот се нуди во продавниците од 1930-тите години, иако течниот детергент и капсулите секако стекнаа популарност во последните неколку децении.  

 

Предности

  • Најмала цена на перење 
  • Најдолг рок на траење 
  • Најефикасен тип на детергент за региони со тврда вода 
  • Картонското пакување лесно се рециклира 
  • Најдобар за мешање со средства за отстранување на дамки,како што се избелувачи без хлор 
  • Добар резултат кај дамки од трева и кал 

Недостатоци

  • Големите и тешки кутии можат да бидат проблематични за носење 
  • Прашокот понекогаш не се раствора потполно при перење со ладна вода 
  • Пред-третманот на дамки може да биде потежок отколку со течен детергент
  • Има можност неправилно да се дозира 
  • Може да се наталожи во фиоката за детегрент 

 

Значи, ако внимавате на трошоците и ако водата во Вашиот регион е тврда, тогаш прашакот е најверојатно Ваш избор, посебно ако дома имате спортисти. Не заборавајте дека носењето на тешките кутии со прашкаст детергент може да биде напорно за Вашиот грб! 

 

 

 

Течен детергент

 

Течните детергенти на пазарот се појавиле 1950-тите години и се најпопуларен вид на детергент,покривајќи 75% од продажбата. 

 

Предности

  • Поефтин е од капсулите 
  • Многу е ефикасен кај дамки од масло и други мрснотии 
  • Одличен е за пред-третман на дамки 
  • Го има во повеќе палети на мириси 

Недостатоци

  • Лесно може да се премине предвидената доза 
  • Пластичните шишиња понекогаш не се рециклираат 
  • Произведени се на водена база,па не реагираат добро со другите средства за чистење, како што се средствата за отстранување на дамки 
  • Произведени се на водена база, што ги прави тешки и еколошки непогодни за транспорт 

Ако редовно се сретнувате со дамки од масло и мрснотии, течните детергенти Ви се најверојатно најдобар избор. Но ако користите дополнителни средства за отстранување на дамки, можеби прашакот е сепак подобро решение.

 

 

 

Капсули

 

Капсулите се релативно нов изум, а нивната популарност брзо се зголеми, па се продаваат повеќе од прашкастите детергенти. Секако се попрактични, но таа практичност се плаќа. 

 

Предности

  • Нема мерење на дози, па се исклучително практични 
  • Нема опасност од преминување на доза, па резултатите се секогаш идентични 
  • Лесни се и лесно се користат, посебно од страна на постари и луѓе со инвалидитет 
  • Можат да содржат различни технологии на чистење(капсули 3 во 1) 

Недостатоци

  • Околу 50% се поскапи по однос на едно перење во однос на прашкастите и течните детергенти 
  • Капсулите не можат да се користат за пред-третман на дамки
  • Постојат случаи на труење, бидејќи некој помислил дека капсулите се колачи 
  • Можат да се заглават во барабанот или да не се растворат потполно 

 

Капсулите се сигурно најпрактични, бидејќи е доволно една капсула да се стави во барабанот, а потоа да се стават алиштата. Меѓутоа, таа практичност си има своја цена, а тука е и факторот безбедност, посебно ако дома имате мали деца. 

 

 

 

Значи, размислете за видот на алишта кои ги перете, како и на Вашите услови, така-што при следното купување, пред штандот со детергент донесете правилна одлука. 

 

 

Rather talk to someone?